top of page

За Нас

Поправка на секаков вид на клима уреди

  • Клима уредот во вашиот автомобил бара редовно одржување како и секој друг дел на автомобилот

  • Пред одење на годишен одмор,и по правило на подолг пат, направете контрола на вашиот клима уред во специјализиран сервис

  • Дали знаете дека клима уредот треба да се користи и во зимниот период? 
    Непријатниот мирис од клима уредот значи дека треба да се дезинфицира системот. Комбинација цигара-пуштена клима и рециркулација не е пожелна. Во тој случај никотинот се залепува на влажниот испарувачот од климата, па следниот пат кога ке ја вклучите климата ке имате впечаток како да сте седнале во пепељара, а не во возилото.

  • Во нашата земја постои мит дека клима уредот во автомобилот е штетен по здравјето на луѓето. Тоа е затоа што нередовно го дезинфицираме клима уредот, и прави голема разлика во температура и многумина мислат и грешат дека апсолутно е небитно колкава е надворешната температуре на воздухот, и во тоа грешат. Поголема разлика од 5-6 Ц, во патничкиот простор на возилото во однос на надворешната температура, произведува шок на човечкиот организам. Советите на стручњаците е ако веќе претеруваме со температурата , во смисла ако направиме разлика помеѓу внатрешната и надворешната температуре поголема од 10 ц, да го исклучиме клима уредот 15 минути пред да го изгаснеме возилото, како температурите би можеле да се изедначат,а во исто време би го припремиле организмот за надвор од возилото

  • Нередовна замена на полен филтерот поред здравјето може да предизвика дефект на вентилаторот или пукање на осигурувачот

Професионална Услуга

✔️ Овластен сервисер за Webasto

Повеќе

✔️ Поправка на црева за клими

Повеќе

✔️ Заварување на Алуминиум

Повеќе

Покрај се, морате да знаете како правилно треба да се ракува со клима уредот. Ако возилото стоело на сонце потребно е да се: отворат прозорите, вентилаторот да се пушти на најголем степен, рециркулација и клима уредот исклучен, па потоа вклучите го клима уредот и по 10 минути и рециркулацијат. ,Кога треба да се дополни клима уредот со разладна течност не е така едноставна на прв поглед. Пред се фреонот е смеша од гас и масло кои се наоѓаат во системот под одреден притисок во кој зависи од надворешната температуре и температурата на самиот мотор. Често се врши дополнување само на фреон во клима уредот кои што не се предвидени за вашите возила. Погрешно е што во некои сервиси дополнуваат само фреон. А потребно е да се испочитуваат прописите на односот фреон со масло, што е различно кај секој модел на возило. Дополнувањата во принцип не се препорачуваат, затоа што дозволена толеранција е 25 до 50 г фреон. Се она што е повеќе од тоа треба да се изврши контрола на самиот систем да не пушта некаде. Многу е важно во кој момент клима уредот престанал да лади. Голема грешка е што клима уредот се поправа само кога ке затопли.

Горан Божинов

Закажете Термин!

Градско Балдовци 180, Струмица, Македонија

Телефон: +38971264232

Вашата порака е пратена

bottom of page